Димитријевиќ доби нов соиграч во Милано

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ ќе добие нов соиграч во Милано, пренесуваат италијанските медиуми. Се работи за американскиот центар Фреди Гилеспи.

Според последните информации, двете страни постигнале договор, а официјализирање на соработката се очекува до понеделник. Гилеспи пристигнува во Армани за да го „покрие“ празното место на повредениот Џош Нибо. Словенечкиот репрезентативец ќе биде надвор од ростерот на „Манекените“  уште еден месец.

Американецот на стартот од сезоната потпиша едногодишен договор со Нов Зеланд Брејкерс, па досега настапуваше во лигата на Нов Зеланд.

Се вчитува...