Ненад Димитријевиќ прифати нов предизвик во кариерата и за сезоната 2025/26 се врати назад во Русија каде овој пат ќе настапува за амбициозниот Зенит.
Очекувањата се дека македонскиот репрезентативец ќе предводи пеколно добар тим во кој дел ќе биде и Андре Роберсон, поранешниот НБА кошаркар претпознатлив по одличната одбрана која ја прикажуваше во дресот на Оклахома и Бруклин.
Роберсон во ноември минатата година прифати евролигашки предизвик и потпиша за францускиот Асвел, но по само неколку месеци заминува од клубот и судејќи по информациите на руските медиуми наскоро ќе потпише договор со рускиот тим.
Американецот би бил трето евролигашко засилување за Зенит по Димитријевиќ и Леви Рендолф кој пристигна од Макаби Тел Авив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

