Димитријевиќ добива конкуренција: Милано носи италијански репрезентативец за нов плејмејкер

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ добива конкуренција во Милано, откако италијанскиот клуб потпиша договор со репрезентацијата на оваа земја Нико Мењон.

Италијанскиот клуб чиј тренер е Еторе Месина постигнал договор со Варезе за откупување на договорот на плејмејкерот кој важи за одличен дефанзивец за отштета 300.000 евра. Италијанецот веќе има евролигашко искуство, а претходно играше за Болоња и Виторија. На почетокот на кариерата играше за Сан Франциско Вориорс.

Димитријевиќ игра одлично сезонава кога ќе добие шанса за Милано, а иако во последно време неговата минутажа е намалена, тој синоќа беше најдобар асистент за својот тим во првата победа сезонава во Евролигата над Виртус Болоња.

 

Се вчитува...