Хувентуд славеше на гостувањето во Италија против Венеција со убедливи 75-89, со што тимот на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ обезбеди пласман во Топ 16 фазата од Еврокупот. Мечот беше израмнет само во првата четвртина, по што шпанскиот клуб веќе до полувремето стигна до двоцифрена предност и ја осигура победата.
Македонскиот репрезентативец, Нено Димитријевиќ на овој натпревар одигра 21 минута при што забележа 10 поени со перфектна реализација за два (5/5), но потфрли во шутот зад линијата 6,75 каде не погоди во три обиди. Покрај тоа нашиот интернационалец додаде и два скока и една асистенција.
? FINAL!
? WE ARE! WE ARE! WE ARE TOP16!!!
? @REYER1872 75
? @Penya1930 89#PenyaLive | #7DAYSEuroCup pic.twitter.com/vsrD4j4fXH— Club Joventut Badalona (@Penya1930) December 8, 2020
За Хувентуд ова е шестата победа во осум натпревари со што шпанскиот состав го осигура своето место во „Топ16“ фазата од Еврокупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА