Димитријевиќ двоцифрен во убедливата победа на Милано

Олимпија Милано стави крај на серијата од три порази во низа во италијанското првенство со убедлива победа на домашен терен над Трапани со 105-88.

Гостите во еден момент во првата четвтина имаа и двоцифрена предност, но Милано успеа да ги консолидира своите редови, до полувреме ја стигна негативата и поведе, а потоа со убедливата трета четвртина која ја доби со 31-16 ги реши дилемите за победникот.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со 10 поени, пет асистенции и три скокови за 21 минута поминати во игра.

Се вчитува...