Ненад Димитријевиќ е на излезна врата од Валенсија, а најголеми шанси во трката по македонскиот репрезентативец му се даваат на Уникс Казањ.
Рускиот тим нема да се натпреварува во Евролигата, но тоа не ги менува амбициите на клупката управа да состават што посилен ростер со кој би ја нападнале титулата во регионалната ВТБ-лига. Валенсија не смета сериозно на Македонецот, досега разгледуваше опции од неколку заинтересирани шпански екипи, но условите што ги понудил Уникс ссе далеку подобри, па рускиот клуб сега е во пол-позиција.
Според кошаркарскиот инсајдер Лука Д’Алесандро, преговорите се наоѓаат во напредна фаза и Димитријевиќ е многу блиску до прифаќање на условите понудени од Уникс.
Овој клуб минатата седмица го донесе Французинот Лавери со кого Димитријевиќ минатата сезона ја делеше соблекувалната во Валенсија.
Nenad Dimitrijevic is close to reaching an agreement with Unics BC Kazan
— Luca D’Alessandro (@LucaDa18) July 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА