Димитријевиќ е желба на Црвена Звезда

Црвена Звезда е последниот клуб што покажа интерес да го доведе Ненад Димитријевиќ во своите редови. Македонскиот репрезентативец се наоѓа на излезна врата од Валенсија, шпанскиот клуб е подготвен да преговара и за позајмица, опција што меѓу другите е интересна и за „црвено-белите“ од Белград.

Информацијата денеска ја пренесоа неколку српски медиуми, според кои македонскиот интернационалец е една од опциите на АБА-шампионот за засилување на плејмејкерската позиција. „Црвено-белите“ досега ги ангажираа Петрушев, Недовиќ, Холанд, Илиќ и Хасан Мартин, јасно е дека ќе доведат најмалку еден плејмејкер до стартот на сезоната, а останува да се види дали изборот ќе падне врз Македонецот.

За услугите на Ненад Димитријевиќ сериозен интерес покажа шпанскиот прволигаш Сарагоса, а понуда за позајмица уште пред еден месец испратија и челниците на Гран Канарија.

Се вчитува...