Уникс Казан ја запиша десеттата победа во ВТБ-лигата, триумфирајќи со 94-86 против Самара.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше квалитетна партија постигнувајќи 13 поени, а дополнети со три асистенции и два скока.
Самара во последните 10 минути од мечот влезе со водство од 68-70, но домашните кошаркари одиграа одлично во финишот за повеќе од заслужена победа од 94-86.
Најдобар во екипата на Уникс беше Џејлен Рејнолдс со 17 поени, а во редовите на Самара 16 поени постигна Џејмс Енис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА