Димитријевиќ феноменален во пресвртот на Зенит за триумф над Дубаи и финале во ВТБ Купот

 

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше феноменална партија во големата пресврт победа на Зенит Петербург над Дубаи во полуфиналето од ВТБ Суперкупот.

Зенит славеше со 107-103 и покрај тоа што на влезот на последната четвртина имаше негатива од 11 поени (72-83). Но, со целосен пресврт во последниот период од играта кој Русите го добија со 35-20 дојдоа до триумф за финале.

Ненад Димитријевиќ демонстрираше одлична игра завршувајќи со 23 поени, а дополнети и со осум асистенции и четири скока, но пред беспрекорност во финалните моменти кога и се одлучуваше победникот во последниот период.

На три минути пред крајот, токму со трите поени на Димитријевиќ, Зенит успеа да дојде до 96-96, а потоа во клучните моменти следеа уште три асистенции на македонскиот репрезентативец за Алекс и Воронцевич, па рускиот тим полека го реализираше целосниот пресврт за конечна победа од 107-103.

Во екипата на Дубаи најефикасен беше Џанан Муса со 25 поени, дополнети и со четири скока и седум асистенции.

Во финалето сега Зенит ќе игра со ЦСКА Москва, која во првото полуфинале славеше убедлива победа против Црвена Звезда од 89-67.

Се вчитува...