Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ го забележаа вториот триумф во ВТБ лигата, овој пат совладувајќи го Минск во Белорусија со 49-97.
Македонскиот бек одигра 20. минути во победата на неговиот тим и беше најкорисен играч на средбата. Димитријевиќ постигна 12 поени со реализација 2/3 за два поени и 2/3 за три поени со перфектни 2/2 од линијата за слободни фрлања. Згора на тоа додаде и пет асистенции и три скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА