Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговата Олимпија Милано стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Сасари со 72-78 во меч од 19. коло во италијанската лига.
Откако првите две четвртини минаа во израмнета игра на двете страни, на пауза меѓу двете полувремиња гостите отидоа со минимална предност од 40-42. Клучна во мечот беше третата четвртина во која гостите предводени од нашиот Димитријевиќ одиграа неверојатно и пред последниот период влегоа со позитива од 51-61. До крајот успеаја да ја задржат предноста за конечни 72-78.
Токму Димитријевиќ беше најдобар поединец во таборот на победникот со 15 поени, девет скока и две асистенции, додека кај поразените Капелети постигна 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА