Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ го водеше својот Уникс Казањ до нова убедлива победа во руската ВТБ лига откако денеска на гостински терен против Руна Баскет Москва актуелниот шампион славеше со 78-84.
Гостите почнаа одлично уште во првиот период кој го добија со седум поени 19-26. До крајот на првиот дел домаќините успеаја да намалат дел од негативата и на пауза да заминат со минус пет (41-46). Во третиот период гостите предводени од Димитријевиќ ја направија клучната разлика во мечот, па по 30 минути веќе имаа двоцифрена предност од 56-72. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 78-84.
Ненад Димитријевиќ повторно беше најдобар поединец во таборот на победникот завршувајќи го мечот со 19 поени, осум асистенци и четири скока. Кај поразените Никола Ивановиќ постигна 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА