Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ продолжија со победите во руската ВТБ лига откако вечерва на домашен терен во 19. коло славеа над Самара со убедливи 81-61.
По релативно израмнетата прва четвртина која домаќините ја добија само со четири поени (25-21), Нено и соиграчите клучната разлика ја направија во вториот период кога на гостинот му дозволија само шест поени, а на пауза заминаа со позитива од 48-27. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 81-61.
Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со 19 поени, надополнети со седум асистенции и пет скока. Кај поразените Џејмс Томпсон заврши со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА