Димитријевиќ го зеде скалпот на поранешниот евролигаш

Ненад Димитријевиќ го одигра својот најдобар натпревар сезонава, предводејќи го Хувентуд до огромна гостинска победа над Гран Канарија (68-79).

Македонскиот плејмејкер ги презеде работите во свои раце во последната четвртина, постигна осум поени во серија и му донесе двоцифрена предност на гостинот од Бадалона, позитива што потоа Хувентуд умешно ја заврши до самиот крај.

Димитријевиќ мина на теренот 23 минути, период во кој реализираше 15 поени, надополнети со пет скокови и две асистенции.

 

Се вчитува...