Македонските интернационалци во Франција, Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, веќе се вратија во татковината, но тоа не е случај со Ненад Димитријевиќ, кој настапува во шпанската Ендеса-лига. Шпанскиот шампионат нема да продолжи уште најмалку еден месец, но Димитријевиќ и останатите кошаркари на Хувентуд добиле препораки од клубот да не го напуштаат градот Бадалона.
„Далеку од тоа дека ситуацијата е добра. Не е добра, се гледа тоа на секој чекор во градот кој за разлика од други денови е скоро па пуст, што е една неверојатна глетка. Она што е сигурно е дека останувам тука. Подобро кажано, морам да останам. тоа е ставот на клупското раководство, и тоа мора да се почитува“– истакнува Димитријевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА