Во драматична завршница во шпанскиот шампионат, Валенсија со 75:76 ја совлада Андора на гостински терен, и тоа благодарение на Ненад Димитријевиќ. Не поради фактот што уфрли 14 поени вкупно, туку што ги постигна клучните поени за победа.
Андора имаше водство од 75:74, но потоа два поени за Димитријевиќ, а потоа и украдена топка, што целосно го прави херој на натпреварот и во оваа „тесна“ победа.
Валенсија одлично го отвори натпревари, но следуваа потоа падови во втората и третата четвртина за драма во финишот со среќен крај за македонскиот кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА