Македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен доживеаја убедлив пораз на гостувањето против Реал Мадрид во 29. коло од Евролигата.
Германците загубија со убедливи 93-70.
Димитријевиќ одигра 28 минути за гостите, притоа завршувајќи како втор најдобар играч во тимот на Баерн, со 11 поени, четири асистенции и три скока.
Реал од самиот почеток на мечот ја презеде контролата на резултатот, доминирајќи на паркетот, па ниту во еден момент победата на мечот не беше доведена во прашање.
Најефикасен во триумфот на „кралскиот тим“ беше Хезоња со 16 поени и четири асистенции. Лајлс мечот го заврши со 12 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

