Димитријевиќ и Баерн убедливо во германското дерби

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен забележаа убедлива победа од 98-79 против Вурцбург во дербито на германската лига.

По оваа победа Баерн дополнително се зацврсти на врвот од табелата во шампионатот на Германија.

По одличните игри во Евролигата, Димитријевиќ одигра квалитетна партија и во германското првенство иако одигрувајќи само нешто повеќе од 15 минути на паркетот. Притоа завршувајќи за таа минутажа со пет поени, четири скока и две асистенции.

Се вчитува...