Димитријевиќ и Хап во потесниот круг за МВП на рундата во квалификациите за Евробаскетот

Македонија одамна не изгледала вака моќно против еден посериозен противник од кошаркарска Европа како што тоа беше случај во Сосновиец против селекцијата на Полска, која на гостински терен беше демолирана со „плус 25“.

Ненад Димитријевиќ и Итан Хап ја водеа Македонија со одлична игра до овој феноменален резултат и со тоа и повеќе од заслужено добија место меѓу петорицата финалисти за МВП признанието на второто коло.

Димитријевиќ со 32 поени беше прво име во нашиот табор, а во моментов е и најдобар стрелец во квалификациите. Од друга страна одлична партија имаше и најдобриот блокер досега во квалификациите Итан Хап кој постигна 19 поени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIBA EuroBasket (@eurobasket)

Се вчитува...