Хувентуд, во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Ненад Дикмитријевиќ, приреди огромно изненадување во Ендеса лигата, совладувајќи го големиот Реал среде Мадрид со резултат 83-86.
Тимот од Бадалона допатува во Мадрид како голем аутсајдер, „кралевите“ доминираа во првото полувреме (42-34), но како пресудна се покажа последната четвртина што Хувентуд ја доби со 13-25, стигнувајќи до фантастична победа. Во клучна улога беше Клемен Препелич, словенечкиот репрезентативец кој настапува за Хувентуд на позајмица од Реал, кој постигна 22 поени и беше најаслужен за големиот триумф.
Димитријевиќ одигра 24 минути од овој натпревар, период во кој реализираше седум поени (сите во првото полувреме), еден скок, две асистенции и една украдена топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА