Хувентуд делуваше закопано на дното на табелата, но екипата на нашиот Ненад Димитријевиќ во последните десетина дена покажува знаци на живот, со две победи во низа зголемувајќи си ги шансите за опстанок во елитното друштво.
По минималниот триумф над Гран Канарија минатиот викенд, Хувентуд вечерва стигна до уште еден голем триумф, и тоа на гостувањето во Сарагоса со резултат 86-92. Со двете победи Хувентуд се враќа во живот, па сега има само еден триумф помалку од тимовите што до крајот на сезоната ќе ги брка за да обезбеди опстанок.
Димитријевиќ по тренерската смена има помала минутажа отколку на стартот на сезонава. Македонскиот репрезентативец денеска одигра десет минути, период во кој реализираше два поени и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА