Ненад Димитријевиќ и Хувентуд во интересен натпревар загубија на домашен терен од Барселона со резултат 72-74, не успевајќи да приредат изненадување во каталонското дерби во Ендеса-лигата.
Хувентуд одлично парираше, пред крајот на третиот период имаше и предност од четири поени, но серијата на Барса во финишот од третата и почетокот од четвртата четвртина се покажа доволно за овој тим да стигне до победата. По влегувањето во игра на Димитријевиќ Хувентуд од „минус десет“ стигна до „минус три“, но тоа беше се што домашниот тим успеа да стори. Македонскиот плејмејкер го заврши мечот на помалку од три минути до крајот порати пет лични грешки, петтата досудена во напад. На крајот мечот заврши со само два поени разлика откако Кулвиетис постигна тројка на помалку од една секунда пред крајот за 72-73, па Хувентуд немаше можност да приреди изненадување.
Зад неговото име остануваат запишани пет поени, пет скока и два асистенции за неполни 17 минути игра. Најефикасен кај Хувентуд беше Кулвиетис со 16 поени, додека најдобри поединци во редовите на Барселона беа Серафин со 14 и Сандерс со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА