Димитријевиќ и Милано паднаа во Берлин по продолжение

Ненад Димитријевиќ и Милано се поразени на гостувањето кај Алба Берлин дури по продолжението. Регуларниот тек на мечот заврши нерешено 92-92, а Алба беше одлична во продолжението и успеа да слави триумф со 105-101.

Тимот од Италија може да жали, затоа што во еден миг имаше добра предност од +13 во третиот период, па дури и +10 во последниот, но на крајот домашните целосно се вратија, и во дополнителното време го решија во своја корист мечот.

Македонскиот репрезентативец мина на паркетот 31 минута, и постигна 14 поени.

Кошаркарите на Олимпијакос и на Панатинаикос се намачија да дојдат до победи во двата натпревари одиграни во Атина во кошаркарската Евролига. Олимпијаикос пред самиот крај го „скрши“ отпорот на Лион Вилербан и победи со 94-92, додека Панатинаикос благодарение на одличната последна четвртина славеше над Макаби Тел Авив.

Лион Вилербан го заврши полувремето со предност над Олимпијакос, а имаше предност од 14 поени разлика во третиот период. Меѓутоа до финишот на третиот дел, грчкиот тим успеа да намали и да замина со негатива од -2 во последниот период. И во последната четвртина гостите беа во предност, но потоа се случи пресврт, предност за Олимпијакос +6 и на крајот конечен триумф.

Маледон кај Лион беше незапирлив со 31 поен, додека Везенков кај победничкиот тим постигна 21 поен.

Слично сценарио и во вториот меч одигран во Атина. Панатинаикос губеше на полувремето од Макаби, кои во третиот период имаа предност и од 10 разлика.  Во четвртиот имаа гостите дури и 11 разлика, а потоа се случи неверојатен пресврт, па европскиот првак стигна до победата од 94-87.

Триумф оствари и тимот на Анадолу Ефес, кој на гостински терен го совлада тимот на Басконија со 89-84. И овој натпревар беше резултатски „ролеркостер“, на крајот со среќен крај за гостите, кои во финишот беа поконцентрирани и ги реализираа поените потребни за триумф.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...