Иако важеа за големи фаворити, актуелните италијански шампиони Армани Милано се поразени на гостувањето кај Трст на стартот на италијанскиот шампионат со 84-78.
Милано пред неколку дена го освои трофејот во Супер-Купот на Италија, и се чинеше дека ќе нема проблеми во првото коло, но наместо тоа се случи сензациноална победа на домашниот состав, кој минатата сезона обезбеди пласман во најдобрата лига на Италија.
Димитријевиќ немаше свој ден, постигна само два поени во 23 минути игра на натпреварот. Учинокот го поправа само неговиот број на асистенции – седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА