Ненад Димитријевиќ и Олимпија Милано стигнаа до уште една значајна победа во Евролигата, овојпат на гостински терен славејќи против Фенербахче со резултат 85-91. Турскиот тим ја имаше фаворитската улога во пресрет на оваа средба, но Милано предводен од Димитријевиќ и пред се од извонредниот Никола Миротиќ одигра беспрекорно во нападот, трасирајќи си го патот до триумфот.
Италијанскиот шампион ја доби првата четвртина со 19-24, Фенер беше подобар само во вториот период (18-17), за Милано да одигра мајсторски кога беше најзначајно, да се одлепи во последната четвртина и на крајот заслужено да слави со конечни „плус шест“, иако Олимпија имаше плус 15 во последниот период (70-85).
Македонскиот репрезентативец ги надмина проблемите со повредата на мускулот здобиена на дуелот во Литванија, мина на теренот 18 минути во кои реализираше 15 поени, 2 скока и 4 асистенции. Главна фигура на мечот беше Миротиќ со 29 поени и 9 скокови, а Ледеј го заврши мечот со 19 поени. Прв стрелец на Фенербахче во вечерашниот пораз беше Болдвин со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА