Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ и неговиот ЕА7 Милано запишаа извонредна победа на гостувањето против Барселона од 81-94 со што ја запишаа и деветтата победа сезонава во 15. коло од Евролигата.
Клучен момент на мечот беше неверојатната серија на Милано од 0-20 во третиот период од играта, кога од 60-56 стигнаа до 60-76 на крајот од третата четвртина. Тоа беше одлучувачки, за потоа последната четвртина да биде само рутина за италијанскиот тим.
Ледеј беше неверојатен со 33 поени и четири скока кај Милано, а Миротиќ заврши со 19 поени. Нено Димитријевиќ за 11 минути на паркетот, заврши со пет поени и една асистенции, но ја имаше клучната тројка на мечот за 60-64 која значеше и почеток на резултатското одлепување на гостите за финална победа.
Црвена Звезда, пак, триумфираше убедливо исто така со Олимпијакос со 87-73.
Недовиќ со 18 поени и Калиниќ со 16 поени беа најефикасните кај Црвена Звезда, а Везенков со 19 поени и 10 скока беше најдобриот поединец кај Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА