Димитријевиќ и Олимпија го преслушаа Виртус

Олимпија Милано со Ненад Димитријевиќ во своите редови го освои третото место на турнирот во Хераклион, откако без поголеми проблеми славеше во италијанската пресметка против Виртус Болоња со 73-62.

Целиот натпревар мина во доминација на избраниците на Еторе Месина, кои од втората четвртина стигнаа до двоцифрена позитива што умешно ја задржуваа. Пред крајот на третата четвртина Олимпија имаше и 25 поени предност, но Димитријевиќ и соиграчите неколку минути беа без постигнат поен што противникот го искористи за да ја преполови негативата и да стигнеме до нешто попристоен пораз.

Димитријевиќ постигна пет поени, сите во втората четвртина кога токму по мини-шоуто на Македонецот (тројка, двојка, па асистенција за цепелин на Нибо) тимот на Олимпија се одлепи резултатски и стигна до „плус 15“. Зад неговото име останаа запишани и три асистенции, а најефикасни кај победничкиот тим беа Ледеј со 14 и Миротиќ со 10 поени.

Се вчитува...