Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан го завршија во четвртфиналето настапот од годинашното издание на ВТБ суперкупот.
Минатогодишниот шампион во руското натпреварување изненадувачки денеска беше поразен од Нижни Новгород со 82-86. Натпреварот почна во израмнета борба на двете страни во која за нијанса подобар беше Уникс кој по десет минути имаше предност од 20-18. Во сличен ритам помина и вториот период во кој Нижни успеа да направи пресврт и на пауза да замине со предност од еден поен (41-42).
Слично помина и третата четвртина па по триесет минути игра тимот од Новгород имаше предност од два поени (63-65). Во последниот период Нижни ја направи клучната разлика и на крајот стигна до конечен триумф од 82-86.
Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со 16 поени, но со лоша реализација од игра 5/14. Кај победникот најефикасен беше Дмитри Квостов со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА