Ненад Димитријевиќ и Уникс сега иамат израмнети 2-2 против Зенит во полуфналната серија на ВТБ-лигата, откако тимот на македонскиот репрезентативец денеска го загуби и вториот меч во Санкт Петербург, со убедливи 104-77. Натпреварот мина во целосна доминација на Томас Ертел, видно мотивираниот француски плејмејкер маестрално ги предводеше нападите на својот тим и го одведе тимот до израмнување на 2-2 во оваа полуфинална серија.
Уште од самиот почеток беше очигледно дека Ертел ќе ја има главната улога, откако Французинот уште во првата четвртина постигна 14 поени. Уникс парираше благодарение на Димитријевиќ (шест поени и три асистенции во првиот период), но отпорот на гостите од Казањ беше целосно скршен во третата четвртина. Зенит го доби овој период од мечот со преубедливи 28-10, во последните десет минути домаќините влегоа со огромни „плус 23“ и успеаја да ја задржат предноста до самиот крај, за конечни „плус 27“.
Димитријевиќ беше најзабележителен во својот тим со 15 поени, три скока и три асистенции, но овој меч мина во знакот на Ертел, кој за 21 минута игра реализираше 20 поени и 13 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА