Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија не успеаја да се пласираат во финалето на Еврокупот, откако вечерва во второто полуфинале на домашен терен беа поразени од италијанската Болоња со 73-83.
Гостие на маестрален начин го стартуваа натпреварот и по десет минути веќе имаа осум поени предност (19-27). До полувреме разликата веќе беше двоцифрена (38-50). Во вториот дел Италијанците рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 73-83.
Ненад Димитријевиќ за десет поминати минути на паркетот постигна шест поени. Најефикасен кај Валенсија беше Риверо со 17 поени, додека кај победниците Шенгелија заврши со 15 поени.
Во финалето во Еврокупот Болоња ќе се сретне со најголемото изненадување сезонава турскиот Бурсаспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА