Валенсија ја забележа и седмата победа во групната фаза од Еврокупот откако тимот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ вечерва славеше над Будуќност со убедливи 103-76. Шпанците неочекувано лесно го скршија отпорот на гостите од Црна Гора, уште во првото полувреме стигнувајќи до убедлива предност со која си го трасираа патот до победата.
Нападот функционираше беспрекорно, па Димитријевиќ и соиграчите уште во првиот дел ја надминаа границата од 50 постигнати поени, на одмор заминувајќи со „плус дваесет“ (55-35). И покрај обидите на Будуќност, црногорскиот состав не успеа посериозно да се приближи, па Валенсија стигна до убедлив триумф над директниот ривал за висок пласман во групата.
Македонскиот плејмејкер одигра нецели 17 минути, период во кој реализираше четири поени (2/3 од поле) и шест асистенции, а најефикасни во неговиот тим беа Хермансон со 16 и Риверо со 15 поени.
Pero @Neno_D7… 🤪pic.twitter.com/5aTpR6XeIf
— Valencia Basket Club (@valenciabasket) January 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА