Димитријевиќ извонреден со „дабл-дабл“ и 14 асистенции за нова победа на Уникс

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно предводвник и на третата победа на исто толку натпревари на Уникс Казањ на стартот од новата сезона во ВТБ лигата.

По претходните две победи, Уникс овој пат без никакви проблеми го совлада и Уралмаш со 94-67, а играч на мечот секако Нено Димитријевиќ кој го заврши натпреварот со индекс 32.

За 26 минути минати на паркетот, македонскиот кошаркар имаше „дабл-дабл“ ефект од 12 поени и дури 14 асистенции, па сосема оправдано го понесе МВП епитетот на оваа пресметка.

Се вчитува...