Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на крајот на сезоната ќе ги промени клупските бои. По само една сезона плејмејкерот заминува од Олимпија Милано, а останува непознато која ќе биде неговата следна дестинација.
За Македонецот постои голем интерес од Партизан, но и новиот евролигаш Хапоел Тел Авив, како и руската ЦСКА, пренесува српскиот медиум „Спорт Клуб“.
На Димитријевиќ му бил понуден и двогодишен договор од московскиот гигант, а доколку биде прифатена понудата тоа би значело враќање во Русија каде во минатото со голем успех настапуваше за Уникс Казањ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

