Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија ја забележаа првата победа во шпанското прнвество откако на гостински терен славеа со убедливи 69-89 над Манреса.
Македонскиот бек одигра извонреден натпревар кој го заврши како лидер на тимот со 17 поени и реализација 3/4 за два, 1/3 за три и 8/9 од линијата за слободни фрлања. Притоа Димитријевиќ додаде и шест асистенции и два скока за нешто повеќе од 21 минута помината на теренот.
Сепак во сенка на одличната партија останува повредата од последната четвртина по која Македонецот не се врати во мечот. Се чини дека истата не е сериозна, а повеќе детали ќе има наскоро.
¡¡VAMOS!! 💪🧡
¡¡Primera victoria en la Liga Endesa!!🏆 J2 #LigaEndesa@BasquetManresa 69
🆚 @valenciabasket 89
🤝 @bthetravelbrand¡El domingo buscamos la segunda en casa! ⛲
🏠🆚 @UCAMMurcia
📅 Dom, 12:30h
🎫 Entradashttps://t.co/oyCWaD1qNq
#EActíVate pic.twitter.com/tQ4vqnhOu3— Valencia Basket Club (@valenciabasket) September 24, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА