Се е подготвено за стартот на Евролигата официјално закажан за утре, а специјализираниот портал „Eurohoops” ја објави листата од пет дебитанти кои сезонава за прв пат ќе заиграат во елитното натпреварување, е се и повеќе од доволно квалитетни за да направат разлика за своите клубови.
Сосема очекувано, во ова Топ 5 рангирање се најде место и за одличниот македонски плејмејкер Ненад Димитријевиќ, кој по двете извонредни сезони во дресот на Уникс Казањ летово се пресели во редовите на Олимпија Милано.
„НЕнад Димитријевиќ пристигна во Олимпија Милано откако во 2023 и во 2024 година стигна до МВП признанија во ВТБ-лигата, еднаш во сезоната, еднаш во плејофот. Знаете што? Во првото официјално натпреварување за новиот тим – тој беше и МВП во успехот на Милано во Супер-купот на Италија. Одличен начин да се почне новата авантура. Димтиријевиќ веќе се наметнува како еден од лидерите на тимот на Милано и би можел да биде факторот што му недостигаше на овој клуб за конечно да се врати назад во плејофот, и зошто да не – на фајналфор турнирот“, се вели во најавата на „Eurohoops” за македонскиот ас.
Покрај Димитријевиќ, место на ова рангирање имше уште и за Еван Фурние од Олимпијакос, Ти-Џеј Шортс од Париз, Карлик Џонс од Партизан и Рејџон Такер од Виртус Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА