Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлично издание за Хувентуд во триумфот од 85-82 против Партизан во првото коло од групата А во Еврокупот. Плејмејкерот на шпанскиот тим постигна 14 поени и учествуваше во големиот пресврт што Хувентуд го направи во последната четвртина која ја доби со 24-11. За 20 минути на паркетот Димитријевиќ имаше и четири асистенции. Пау Рибас со 18 поени беше предводникот во тимот на Хувентуд.
Партизан на полувремето имаше осум поени предност (40-48), но не успеа да ја сочува до крајот на мечот. Кај „црно-белите“ најефикасни беа Томас со 15 и Гордиќ и Јарамаз со по 12 постигнати кошеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА