Димитријевиќ на ниво, Зенит рутински до нова победа

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден добар меч во дресот на Зенит, помагајќи неговиот тим да стигне до триумф во ВТБ-лигата на гостувањето против Уралмаш со резултат 79-86.

Зенит ја имаше фаворитската улога, тимот од Санкт Петербург имаше и двоцифрена предност, но неочекувано му дозволи на домаќинот да се врати. Урал имаше 79-81 и шут за израмнување што не го погоди, по што Фрејзер ја погоди клучната тројка за Зенит на асистенција на Димитријевиќ, ставајќи печат на големата победа.

Македонскиот плејмејкер го заврши мечот со 14 поени, 8 асистенции и 5 скокови, со што беше меѓу најдобрите поединци во својот тим.

Се вчитува...