Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ беше најдобриот поединец во составот на Олимпија Милано на денешниот пријателски натпревар против Фенербахче, на кој Турците славеа со 81-76.
Димитријевиќ мечот го заврши со 14 поени, потврдувајќи ги индивидулните квалитети поради кои беше доведен и во евролигашкиот тим за новата сезона.
Македонскиот кошаркар имаше 3/7 во обидите за два поени, 2/7 за три поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања. Ова беше прв пораз за Олимпија Милано на третиот тест натпревар низ подготвителниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА