Димитријевиќ најдобар во поразот на неговиот Зенит од Уникс Казањ

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Зенит Санкт Петерсбург доживеаја пораз на домашен терен против Уникс Казањ од 77-104 во дерби натпреварот од 2. коло од новата сезона во руската ВТБ лига.

Во првиот дел двата тима си поделија по една четвртина, па на полувреме резултатот на семафорот беше израмнет 45-45. Клучната разлика гостите ја направија во третиот период кој го добија со осум поени разлика и до крајот таа само се зголемуваше за конечни 77-104.

Македонскиот репрезентативец беше најдобар поединец во својот табор со 14 поени, надополнети со два скока и пет асистенции. Кај победникот Бингам и Брајс постигнаа по 22 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...