Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ е избран за најкорисен кошаркар на 4. коло во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Нашиот најдобар кошаркар успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат. На средбата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43 поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер.
Сепак, и неговата феноменална игра не беше доволна за нашиот тим да успее да стигне до победата против фаворизираната Литванија. Покрај 40 поени, популарниот Нено додаде и шест асистенции, четири скока и три украдени топки, за 40 индексни поени што е убедливо најмногу во оваа рунда од квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА