Ненад Димитријевиќ не е мета на Партизан, пренесува српски „Спорт Клуб“. Македонскиот репрезентативец се поврзуваше со премин во „црно-белите“ редови веќе подолго време, особено по раскинот на договорот со Валенсија, но белградскиот гигант има друг приоритет.
Раководството цели на задржување на постоечките сили со нови договори за клучните странски кошаркари Кевин Пантер и Данте Егзум.
Репрезентативецот на Македонија ја одигра својата најдобра сезона досега предводејќи го Уникс Казањ до титула во ВТБ лигата со просек од 15.8 поени, 5.3 скокови, 3.2 асистенции и 1.2 украдена топка по натпревар за што ја освои и титулата за најкорисен играч на финалната серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА