Ненад Димитријевиќ нема да може да му помогне на тимот на Олимпија Милано на претстојното гостување во Белград против Макаби, откако македонскиот плејмејкер воопшто не отпатува со екипата за овој натпревар.
Причина е повредата што Димитријевиќ ја заработи на последниот дуел од Евролигата против Асвел, по што тој не настапи ниту на последниот меч од италијанското првенство, а нема да му биде на располагање на тренерот Месина ниту за мечот со Макаби. Покрај него, Месина за пресметката со израелскиот гигант нема да може да смета ниту на Џош Нибо и Фабијан Козер.
Добра вест за италијанскиот првак е што Шејвон Шилдс и Зек Лидеј ги надминаа проблемите поради кои не настапија викендов, па ќе се најдат во тимот на Олимпија Милано за дуелот со Макаби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА