Димитријевиќ не успеа да го спаси Хувентуд: Во драматичен финиш пораз во последната секунда

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра нова одлична партија во дресот на Хувентуд, но и покрај беспрекорната последна четвртина не успеа да го спаси својот тим од пораз од Фуенлабрада во АЦБ лигата.

Фуенлабрада славеше со 79-81 со поени на Рикоти на две секунди пред крајот на мечот. Претходно Димитријевиќ со успешно реализирани две слободни фрлања, на 38 секунди до крајот, израмни на 79-79, и кога се чинеше дека натпреварот ќе се решава низ продолженија, следеа поените на Рикоти за триумф на гостите.

Македонскиот кошаркар мина 24 минути на паркетот притоа запишувајќи 8 поени, дополнети и со 7 асистенции и еден скок. Фуенлабрада до победата ја водеше Андерсон со 23 постигнати поени.

Се вчитува...