Соиграчот на нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ во Олимпија Милано, Џош Нибо ќе биде надвор од терените неколку месеци поради „исклучително ретка повреда“.
Нибо се здоби со повреда во петокот на натпреварот од 17. коло од Евролигата против Баерн Минхен, кој неговиот тим го загуби со 78-79, по незгодно приземјување.
„Него го оценуваат неколку специјалисти. Доживеа исклучително редок вид на повреда. Се работи за месеци, а не за недели. Се надевам дека ќе поминат само неколку месеци“, изјави тренерот на Олимпија Милан, Еторе Месина.
Ова е трета повреда на Нибо оваа сезона, по претходните повреди на препоните и десната рака.
Нибо оваа сезона одигра само четири натпревари за Олимпија Милано во Евролигата, со просек од 8,2 поени, 4,5 скока, една блокада. Минатата сезона како член на Макаби од Тел Авив беше лидер во Евролигата по бројот на скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА