Младинската репрезентација на Македонија ќе биде значително ослабена на претстојниот европски шампионат – Б дивизија во Софија, по одлуката на Ненад Димитријевиќ да не го носи националниот дрес на ова натпреварување.
Димитријевиќ требаше да биде предводник на оваа генерација, допатува во Скопје и ги почна подготовките со остатокот од репрезентацијата, за потоа да се премисли и да донесе одлука индивидуално да тренира за да се подготви што подобро за наредната сезона во Хувентуд. Неговото отсуство на двата контролни натпревари против Бугарија беше образложено како повреда, за од Македонската Кошаркарска Федерација денеска да потврдат дека младиот кошаркар поради лични причини решил да не настапува за репрезентацијата предводена од селекторот Василев.
Нашите младинци во претходните два дена одиграа два контролни натпревари со соодветната селекција на Бугарија, претрпувајќи порази од 62-60 и од 86-72.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА