Ненад Димитријевиќ полека, но сигурно влегува во посакуваната форма откако се мачеше со повреди на стартот на сезонава, па токму македонскиот ас беше меѓу најзаслужните што Зенит славеше во дербито на колото против Локомотив Кубан со преубедливи 98-69.
Ова беше директна битка за третото место на табелата во која Зенит го демолираше својот противник, пред се со супериорно издание на Димитријевиќ и соиграчите во првото полувреме што го добија со 56-34. Победата беше осигураа, но Зенит не се опушти, продолжи целосно да го контролира мечот и до самиот крај ја зголеми позитивата до конечните „плус 27“.
Димитријевиќ стигна до дабл-дабл од 12 поени и 11 скокови за вкупно 21 индексни поени на овој меч. Најефикасни кај Зенит беа Фрејзер со 25 и Шаманиќ со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

