Димитријевиќ одличен, дабл-дабл во новата понуда на Зенит

Малку време му беше доволно на Ненад Димитријевиќ да ја преземе лидерската улога во Зенит, откако македонскиот ас блесна веќе на вториот меч во дресот на новиот руски клуб чии бои ќе ги брани во наредните две сезони.

Зенит се наоѓа на подготовки во Белград, синоќа славеше на вториот пријателски меч во кој за ривал го имаше Уралмаш со 92-80, оставајќи го зад себе разочарувачкиот пораз од Макаби на првиот меч во српската метропола.

„Сино-белите“ доминираа од самиот старт, во првата четвртина славеа со 26-10, трасирајќи си го патот до рутиснка победа. Во главна улога беше токму Македонецот, Димитријевиќ беспрекорно диригираше со нападите на Зенит остварувајќи дабл-дабл од 20 поени и 10 асистенции, со седум скокови и една украдена топка.

Се вчитува...