Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар за Хувентуд во убедливата победа од 74-106 на гостувањето против Фуенлабрада. Тимот од Бадалона продолжи со добри игри, па стигна до четвртиот триумф во последните пет кола од Ендеса-лигата, а македонскиот плејмејкер уште еднаш покажа дека максимално ја користи секоја укажана шанса.
Тој мина на теренот 20 минути, период во кој забележа 16 поени со само едно промашување (2/3 за тројка, 3/3 за два, 4/4 за еден поен), надополнети со три скока, три асистенции и две украдени топки.
Хувентуд со овој триумф има 26 бода, исто колку и Валенсија и Уникаха, на делба од четвртата до шестата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА