Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлично свое деби во Евролигата.
На стартот од новата сезона во најквалитетното европско натпреварување, Димитријевиќ и Олимпија Милано загубија на гостувањето од Монако со 93-80.
Македонскиот кошаркар за 24 минути на паркетот постигна 11 поени, дополнети и со пет асистенции и шест скока, издвојувајќи се како најдобар поединец во Милано. Но, сето тоа не беше доволно да му помогне на својот тим да го избегне поразот во Франција.
Претходно, во првиот натпревар од Евролигата во сезоната, Панатинаикос на гости победи со 77-87 против Алба во Берлин. Литвански Жалгирис, пак, како домаќин славеше против Барселина со 74-67.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА