Доброто издание на Ненад Димитријевиќ не беше доволно за Хувентуд да слави на незгодното гостување во Андора, каде поразот од 90-89 значеше и сведување на теорија на шансите за пласман во следната рунда од Еврокупот. Македонскиот плејмејкер и неговите соиграчи имаат за што да жалат бидејќи во завршницата имаа солидна предност, но по неколкуте нереализирани слободни фрлања на гостите, Андора со тројката на Хана на две секунди до крајот стигна до победата.
Македонскиот репрезентативец одигра уште еден одличен натпревар, поради проблеми со личните грешки на теренот мина 20 минути, но беше беспрекорен во нападот, постигнувајќи 14 поени, надополнети со шест асистенции. Поефикасен од Димитријевиќ во таборот на Хувентуд беше единствено Словенецот Препелич, кој го заврши мечот со 22 поени, но и промаши две слободни фрлања во последните триесетина секунди.
Денешниот пораз значи и губење на шансите на Хувентуд за пласман во четвртфиналето од Еврокупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА